Јован Попзлатанов веќе извесен период тренира и работи со екипата на Македонија ЃП, а „Лавовите“ ете денеска и официјално решија да го промовираат како нов играч.
Тој доаѓа како повратник од странство, затоа што имаше епизода во тимот на РФС од Латвија, а сега се враќа во домашниот шампионат.
Потребни му се мечеви на офанзивниот бек, а тоа сигурно ќе го добие во Ѓорче Петров, екипа која сериозно се подготвува за следната сезона и планира да игра улога на претендент за излез во Европа.