Тинејџер во Бангладеш испил отров поради поразот на Бразил

69

Репрезентацијата на Бразил синоќа на домашен терен, на својата Маракана, загуби во финалето од Копа Америка од лутиот ривал Аргентина со минимални 0:1.

Светот слави но и жали во исто време, а има ликови кои тешко ги поднесуваат спортските триумфи односно порази. Се оди во екстрем, па еден тинејџер од Бангладеш со име Мохамед Камал од местото Кокс Базар по поразот на Бразил толку се вознемирил, што испил отров со намера да се самоубие.

Мештаните од градот велат дека тој бил екстрембно вознемирен, и дека со намера го сторил ова. Сепак, навремената реакција на лекарски тим му го спасил животот но тој сепак, се наоѓа во болница.

 

ПретходноПипо Инзаги: Италија ќе ја победи Англија со гол на Имобиле
СледноСпинацола: Вечерва сум и со вас и со навивачите на трибините