Млад играч на Кордоба пронајден мртов

226

Алваро Прието, 18-годишен фудбалер на шпанскиот клуб Кордоба е пронајден мртов меѓу два вагона на воз. Неговото исчезнување било пријавено пред неколку денови, а потрагата завршила денеска откако неговото безживотно тело било пронајдено.
Според информациите од полицијата, Прието во средата бил во Севиља, а со воз требало да патува до Кордоба. Го пропуштил тој воз, па пробал да влезе во друг кој се обраќал кон Барселона.
Имал проблем со билетот, па дури се споменува можност дека немал пари да купи друг билет. Батеријата на мобилниот му се испразнила, па му се губи и контакт. Тој бил пронајден случајно од телевизиски камерман кој забележал облека меѓу вагоните. Неговото тело било изгорено.
Според прелиминарните резултати од аутопсијата играчот починал од електричен шок.

ПретходноРоналдо и друштвото си поигрaa со Босанците во Зеница
СледноЗаврши кошмарот за навивачите и фудбалерите во Брисел – успешно се извлечени од стадионот!