Шевченко најверојатно ќе ја напушти Украина, сака да работи во клуб

550

Селекторот на украинската репрезентација Андриј Шевченко проговори за својата иднина по Еуро 2020. На новинарско прашање дали ќе остане селектор или сака да се проба во клупските води, тој вели:

„Дефинитивно размислувам да водам клуб еден ден. Работев 5 години со украинската репрезентација, сега треба мирно да ја процениме нашата иднина. Гледате добра верзија на тренерот Андриј Шевченко, но подобро е да не го познавате злобниот. Во таква работа, понекогаш треба да бидете различни. Бев инспириран од Валери Лобановски, Карло Анчелоти , Жозе Мурињо. Ова се одлични тренери кои имаат освоено многу трофеи“, вели легендарниот напаѓач.

ПретходноНапаѓачот на Наполи е во стабилна сотојба по хорор повредата на мечот од Голд Купот (ВИДЕО)
СледноГризман ја подотвори вратата за заминување од Барселона