По се изгледа дека на Виктор Осимен, напаѓачот на Наполи славата полека како да му пречи. Имено Нигериецот деновите на излегување од клускиот тренинг центар со својот автомобил, просто ги “откачи“ фановите и не ги удостои со давање на автограми.
Видно изнервиран прво гневен потпиша еден дрес, потоа ги затвори прозорците од својот автобил и чекаше гужвата кои ја создадоа десетина фанови на Наполи, малку да се расчисти па си замина.
Јасно е дека славните фудбалери, посебно најдобрите во светот како што е Осимен, си имаат проблеми со “здодевните“ фанови, но ова беше негов крајно непрофесионален однос кон тие што го сакаат Наполи и што им е идол.
Victor Osimhen reacts angrily to a group of Napoli fans, who ask him for autographs and get in the way of his car. 🇳🇬😡pic.twitter.com/aZXDYrtjWy
— Football Tweet ⚽ (@Football__Tweet) October 24, 2023