Капело: Касано пред секој меч порачуваше помфрит, затоа постојано се расправавме!

135

Фабио Капело важи за еден од најголемите тренерски имиња во историјата на фудбалот. Познат е по тоа што бара максимална дисциплина од своите играчи, но како тренер секогаш знаел што сака. Исто така важи за еден од оние стратези кои речиси освоиле се што може да се освои на клупски план.

Но и таков Капело си имал големи проблеми со некои играчи. Познато ее дека со Назарио да Лима Роналдо “водеше војна“ поради проблемите со алкохолот кој го имаше Бразилецот, но исто така проблеми имал и со Антонио Касано од времето кога беа заедно во Реал Мадрид.

Навистина не можев да верувам во тоа што го гледам. Касано пред секој меч порачуваше помфрит, а се знае дека тоа е строго забрането, и затоа постојано се расправавме. Сепак јас повеќе му бев лут на готвачот отколку на Касано“ посочи Капело.

ПретходноТомас Милер е најуспешниот фудбалер во историјата на Бундеслигата!
СледноПелистер се раздели со Шундовски и Јовиќ, тренерското место за Ангеловски!