Манчестер Јунајтед е прв во Премиер лигата, но како најгруб тим

110
MANCHESTER, ENGLAND - SEPTEMBER 26: <> during the Carabao Cup Third Round match between Manchester United and Crystal Palace at Old Trafford on September 26, 2023 in Manchester, England. (Photo by Matthew Peters/Manchester United via Getty Images)

Манчестер Јунајтед неочекувано е најгрубиот тим во Премиер лигата според податоците од последните пет сезони. Проучување направено од партнери на британскиот таблоид „Сан“, за посочениот период „Црвените ѓаволи“ имаат 386 жолти картони и девет црвени картони.

За да се направи табела, се прави збир од поени од кои за секој жолт картон се добива еден поен, додаде црвениот картон носи два поени.

Просечно Манчестер Јунајтед има 2,04 поени по меч. На второто место е Евертон, па следуваат Тотенхем, Вулверхемптон и Арсенал. Десетката ја затвораат Њукасл, Кристал Палас, Брајтон, Челзи и Вест Хем.

А најмногу црвени картони добиле тимовите на Евертон и Арсенал – по 17, меѓутоа поголемиот број на жолти картони го ставаат Јунајтед на врвот.

KOJ E НАЈГРУБИОТ ТИМ ВО ЕВРОПА?

Прочувувањето го посочи и најгрубиот тим од петте најсилни првенства во Европа. Тоа е шпанскиот Хетафе, кој во последните пет сезони има 652 жолти картони и 39 црвени. На второто и третото место исто така се шпански тимови – Севиља и Атлетико Мадрид.

ПретходноАлкалоид со историски бод против големата Ла Риоха во Европската лига
СледноЛШ: Мегваер за прва радост на Манчестер Ј., Реал и Наполи славеа на гости (ВИДЕО)