Влатко Андоновски се врати во Канзас Сити, ќе има две функции

199

Влатко Андоновски е новиот тренер и спортски директор на КС Карант. Станува збор за тим кој е наследник на Канзас, а кој има само една желба да ги врати убавите денови исполнети со успеси. Па токму оваа причина раководството на клубот одлучи да го донесе македонскиот стратег, со кого освои две титулата во лигата.

„Се враќам дома, се враќам во Канзас сити, но што е уште поважно се враќам во организација која има јасна визија за патот по кој треба да оди овој тим. Навистина сум превозбуден да бидам дел од тим како овој“, рече Андоновски по промоцијата.

ПретходноЛесјак: Сигурен сум дека ќе изненадиме некој, можеби тоа ќе биде баш Кјелце!
СледноСудиска анализа: Судиите во ПМФЛ без грешка, во ВМФЛ оштетен бил тимот на Осогово!