Баерн му даде осум на Дармштад во едно полувреме, Кејн погоди од половина терен (ВИДЕО)

292

Денешното Бундес лига коло го одбележаа два меча. Првенствено оној во Минхен, каде што Баерн го победи Дармштад со 8:0, во меч во кој сите голови беа постигнати во вториот дел. Откако во првото полувреме, домашните останаа со играч помачку но гостите со два, стана јасно дека во вториот дел Баерн ќе тргне на се или ништо. Нормално, излезе ова првото, а мора да се издвои и фантастичниот гол на Хери Кејн од половина терен.

Од друга страна пак досегашниот лидер Штутгарт го направи првиот кикс сезонава и загуби на негов терен од Хофенхајм со 2:3. Во хаотичен меч гостите поведоа со 0:2, домашните промашија пенал, па реализираа акција за 1:2, но Хофенхајм денеска беше решен да освои три бода па преку Сков повторно дојде до двојно водство. Конечниот резултат го постави Ундав.

Резултати:

Аугзбург – Болфсбург 3:2

Б.Менхенгладбах – Хаидехаим 2:1

Баерн – Дармштад 8:0

Штутгарт – Хофенхаим 2:3

Вердер – Унион Берлин 2:0

 

ПретходноБолоња и Сасуоло ги поделија бодовите
СледноМладиот состав на Струмица немоќен и против Будва