Работнички конечно се врати на победничките патеки. По двата порази во низа, Вардар дојде во вистинско време, па најтрофејниот кошаркарски колектив славеше со убедливи 68-119.
На овој дуел на клупата беше Андреј Апостолски Лечиќ, како привремено решение за Димитар Мираковски, чие заминување беше логично откако беше поразен од МЗТ Скопје.
Кошаркарите на Работнички мечот го решија брзо. По првото полувреме имаа водство од 34-60. Во третата четвртина беа подобри со 21-30, доволно за сигурен триумф.
Ѓуроски беше лидер со 20 поени и 6 скока, Бакоч и Ефремовски имаа по 15 поени. Во редовите на поразениот состав, Атанасов имаше 18 поени.
МЗТ Скопје дојде до победата број четири еднаква превземање на врвот на табелата. Актуелниот македонски првак беше подобар од Еуро Никел со 71-61 во дерби дуелот. Домаќинот не блескаше, но одигра доволно за да дојде до целиот плен.
По првите 20. минута на семафорот стоеше скромен број на поени 33-25 во корист на домаќинот, кој не отскокнуваше многу, но знаеше како да дојде до бодовите.
Танасковиќ имаше дабл-дабл од 18 поени и 12 скока, Војдан Стојановски запиша 13 поени кај домаќинот, додека пак Меквин имаше 30 поени кај Еуро Никел.
До важна победа дојде ТФТ, кој беше подобар од Кожув на гостински терен со 55-64.