Tешки моменти во Алкмар – Бас Дост колабрираше, мечот прекинат (видео)

896

Натпреварот меѓу АЗ и НЕЦ е прекинат поради тоа што фудбалерот на гостите Бас Дост падна на теренот во без сознание па му беше укажана лекарска помош. Тоа се случи во финишот на мечот кога Дост само падна на теренот, фудбалерите направија кружен штит додека му се укажуваше лекарска помош на напаѓачот кој потоа беше префрлен во болница.
Првичните информации се дека Дост е жив и ги движи рацете.

Дост е поранешен холандски репрезентативец (18 настапи и еден гол) и екс-играч на Бриж, Ајнтрахт Франкфурт, Спортинг Лисабон, Волфсбург, Херенвен.

ПретходноПоради повреда Георгиевски не настапи во финалето и се закити со сребро во Букурешт
СледноДинамо со магичен пресврт ја победи Локомотива, Ристовски „урлаше“ по соиграчите