И официјално, Шкендија е шампион на Македонија за сезоната 2020/21. По завршување на мечот, како што и доликува, претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини, му го предаде шампионскиот пехар на капитенот на тетовци Егзон Бејтулаи. Тука беше и првиот човек на Шкендија, Лазим Дестани. Нормално следуваше голема радост на фудбалерите и стручниот штаб, потоа и мал огномет.
Допрва следува големата прослава која вечерва ќе се одвива на градскиот плоштад во Тетово.