ФОТО ВЕСТ: Милевски на трибини за женското одбојкарско дерби

315

На вечерашното дерби од 2. коло на женската одбојкарска Прва лига меѓу големите градски ривали Јанта Волеј и Работнички на трибините се појави и селекторот на фудбалската репрезентација, Благоја Милевски.

Милевски е дел од публиката во салата „Невена Георгиева-Дуња“ за да го проследи настапот на неговата ќерка Андротеа Милевска, која е едно до новите засилувања на шампионот Работнички оваа сезона. Нејзиниот нов клуб ќе се обиде да ја одбрани шампионската круна, а првиот чекор кон врвот е токму денешниот дуел со Јанта Волеј кој е во тек.

 

ПретходноТИМ И ИГРАЧ НА 12.КОЛО: Куевен сам го “торпедираше“ Работнички
СледноАјакс има нов тренер