По рекорден осми пат Лионел Меси е освојувач на „Златната топка“ на „Франс фудбал“ за најдобар фудбалер на светот за сезоната 2022/23. Акцентот на триумфот беше победата со Аргентина на Светското првенство во Катар. Одделно тој постигна 20 гола и запиша 20 асистенции за ПСЖ со кој стигна до титулата во Франција.
Претходно Меси ја освои „Златната топка“ во 2009, 2010, 2011, 2012, 2015, 2019 и 2021 година.
Ова ќе биде последно вакво одличје на еден од најдобрите фудбалери во историјата, затоа што тој веќе ја напушти Европа, а има 36 години. Според многумина Лео не заслужи да биде број 1 затоа што Халанд имаше многу подобра сезона, во која постигна повеќе голови, но на крајот Норвежанецот се утеши со наградата за најдобар стрелец.
Пресуди токму онаа титула со Аргентина на СП во Катар.
Во гласањето за „Златната топка“ учествуваа 100 новинари – по еден од 100-те водечки држави според ранг листата на ФИФА. Списокот на 30-те номинирани фудбалери беше составен од „Франс Фудбал“.