По повеќе часовно патување со клупскиот автобус, предмалку експедицијата на Шкендија пристигна во Мурска Собота, каде утре против Мура ќе го одигра својот реванш меч од 1.квалификациско коло во Лигата на Шампионите. И покрај поразот во првиот меч во Скопје, беше 0:1, атмосферата во таборот на нашиот шампион е позитивна. Се верува дека ќе може да се победи и да се оди во следното коло.
Инаку вечерва Шкендија, со почеток од 20 часот, ќе го одработи својот официјален тренинг на стадионот “Фазанерија“ во Мурска Собота, додека пресот е закажан за во 19:30 часот.
Сда потсетиме дека овој натпревар се игра утре со почеток од 20 часот.