КФСМ мисли на иднината – ги зеде под „заткрила“ најдобрите таленти!

831

Репрезентативната кошаркарска иднина на Македонија одамна бележи негативен. Од историската 2011 година па наваму, нашата земја беше дел од уште две Европски првенства, а потоа почна да се „дави“ во претквалификации и неуспешни квалификации.

Проблемот е јасен како ден, и тие таленти што ги имаме не ги „чуваме“.

До пред скоро време Македонија се потпираше на браќата Стојановски. Дамјан одлучи да се повлече, додека Војдан и натаму е дел од националниот тим, едноставно сака да помогне колку што може. Токму овој податок доволно говори дека талентите во нашата земја изостануваат, а и оние кои ги имаме не добиваат вистинска грижа во своите клубови за да прераснат во вистински лидери.

Од генерацијата на Соколов, браќата Стојановски, Костоски, Самараџиев…Македонија не може да се пофали со ваков профил на кошаркари.

Па, токму затоа раководството на КФСМ започна со проект кој се однесува токму на младите кошаркари. Најталентираните играчи во иднина ќе бидат под контрола на професионалци и под закрила на федерацијата.

Во Скопје повторно дојде Александар Куриќ, овој пат неговата мисија се токму најталентираните млади кошаркари во националните селекции. Станува збор за тренер кој беше задолжен за кондициската подготовка на сениорските репрезентативци во времето на Драган Бајиќ.

Тој ги постави темелите, беше направена проценка на тековната физичка подготовка, според добиените резултати секој кошаркар ќе добие посебна програма.

Првиот дел се однесува на проценка на тековната физичка подготовеност на талентираните млади кошаркари од националните селекции. Според резултатите од тестирањето кое го реализиравме во текот на денот, заедно со моите соработници, кои исто така се вклучени во овој проект на федерацијата, ќе го планира и програмира тренингот за најталентираните млади кошаркари овде. Планот и програмата на работа ќе бидат конструирани на месечно ниво, со можност за постојано онлајн-следење и комуникација со кошаркарите од страна на тренерот за кондициско вежбање и подготовка.

Во зависност од клупските обврски и индивидуалните потреби, ќе се програмираат кондициски тренинзи за секој кошаркар, а програмата ќе се испраќа преку интернет.

Освен тоа, на играчите ќе им се дадат основни препораки за исхрана, а на основа на резултатите од тестовите ќе се одреди индивидуален план за додатоци на исхрана на месечно ниво. Планот вклучува и една онлајн работилница со играчите на тема исхрана и ментална подготовка за тренинг и натпреварување“.

Овој проект ќе биде долгорочен, па току затоа Кукриќ ќе направи обука за тренери кои потоа ќе можат да работат со младите кошаркари.

„Вториот дел на проектот се однесува на продолжителната обука на тренери и млади кошаркари. Во рок од една година се планираат три семинари за кошаркарски тренери кои се директно вклучени во работата со избраните талентирани кошаркари.

Целта на обуката е примарно да се поддржи основната цел, а тоа е подобрување на кошаркарските перформанси на младите кошаркари. Обуките ќе се одржуваат во соработка со учесниците (онлајн презентации или презентации во седиштето на федерацијата), а избраните теми ќе бидат во голема корист за тренерите во нивната идна работа“.

ПретходноМакедонија е комплетна: Митревски и Кузмановски се приклучија во „стројот“
СледноАлкараз: Целта ми е првото место на АТП-листата, но тука се прашува и Ѓоковиќ