Кадетките на Бадел 1862 по ново искуство во Германија

185

Бадел 1862 продолжува со праксата – собирање на меѓународно искуство и зацврстување на соработката со клубови од странство. Кадетките на Бадел 1862 од денеска до 4. ноември ќе бидат во Германија на покана од кошаркарскиот клуб ПОСТ СВ од Нирнберг.

Од македонскиот тим потенцираат дека младите кошаркарки ги очекува богата програма во делот на размена на спортски искуства, нутриционизам и спорт, политика и спорт, 3×3 street ball кој е нов олимписки спорт како и активности во делот на културата.

„Целиот овој проект е во рамките на веќе воспоставената соработка меѓу градовите Скопје и Нирнберг. Девојчињата ќе имаат шанса да слушнат и научат нешто повеќе за спортот.

Уште едно ново искуство кое треба максимално да се искористи бидејќи е наменето за напредок на младите генерации кои допрва треба да се развиваат во спортски личности.

Чест и задоволство е што токму Бадел 1862 е дел од ваква соработка пред се’ кога станува збор за развојот на кошарката во нашата земја.

Соработката продолжува по неколкугодишната пауза поради Ковид пандемијата“, информираат од Бадел 1862, кој и оваа година со тимот од 17 години е дел од WABA-лигата. 

ПретходноМартинез: Реал е голем клуб, но моето срце е со Интер
СледноКуп на Германија: Второлигашот Кајзерслаутерн го исфрли Келн