Вчера и официјално заврши ЕУРО 2020, на кое за првпат настапи и нашата најдобра фудбалска репрезентација. Познато е, Италија е новиот првак на Стариот континент, а Македонија уште по групната фаза, по трите порази од Австрија, Украина и Холандија, мораше да се врати дома, односно не се пласира во елиминациската фаза.
Со оглед на тоа дека само три наши клубови дадоа репрезентативци на ова ЕУРО, и сите тројца за Македонија, секој ќе заработи по 72.000 евра. Тоа се А. Пандев (Марјан Радески), Работнички (Ристе Јанков) и Шкендија (Егзон Бејтулаи).
Правилата на УЕФА велат дека мора се плати отсуството на секој играч од клубот и тоа на ден. И тоа 14 денови пред одигрување на првиот меч на ЕУРО, се до еден ден после последниот натпревар на ЕП.
Проекциите велат дека за тие 24 дена, секој клуб ќе добие отштета по 3.000 евра дневно, и ете се тие 72.000 евра за А. Пандев, Работнички и Шкендија.
Сума која и не е мала за наши услови.