Македонскиот интернационалец Бобан Николов го постигна првиот гол во дресот на Кишварда во Унгарија. Тој беше стартер и го постигна водечкиот гол во победата на гости кај Унионе од 6:0. Николов стрелаше во 13. Минута, а на полувреме неговиот тим имаше предност од 4:0.
Николов играше до 61 минута. За Кишварда цел меч одигра младинскиот репрезентативец Марио Илиевски.