Покетино: Арсенал и Барселона се единствените клубови во кои не би работел

1487

Во 11 коло на англиската Премиер лига ќе се соочат Тотенхем и Челзи и тоа на теренот на „Спарс“. Тренерот на „сините“ Маурицио Покетино ги сподели очекувањата од претстојниот меч против поранешниот клуб кој го тренираше од 2014 до 2019 година.
Единствени клубови во кои никогаш не би се нафатил да работам се Арсенал и Барселона. Чудно е што се враќам во Тотенхем по четири години. Тоа ќе биде убав ден за мене. Чувствувам дека „Спарс“ се способни да го освојат шампионатот. Тие одлично работат и резултатите им се одлични“, ја цитира Фабрицио Романо изјавата на Покетино.

 

ПретходноПолувреме во Солун: Македонија води против Грција со три гола разлика
СледноМладинската репрезентација ја совладаа Турција со 15 гола разлика