Киднаперите најавиле дека ќе го ослободат таткото на Луис Диаз

426

Ослободителната национална армија во блиска иднина ќе го ослободи таткото на напаѓачот на Ливерпул, Луис Диаз, објави ESPN, цитирајќи претставници на левичарската радикална група.

Родителите на 26-годишниот колумбиски државјанин беа киднапирани минатата сабота од левичарска радикална група на бензинска пумпа во Баранкас, северна Колумбија.

Крилниот напаѓач ја пропушти победата на „црвените“ на домашен терен од 3-0 против Нотингем Форест на 29 октомври. Ливерпул во недела гостува во Лутон Таун. Учеството на Дијаз на оваа средба останува под знак прашалник.

ПретходноИвановиќ го победи Партизан како кормилар на Басконија
СледноСудир на „титаните“: Јокиќ го победи Дончиќ па го пецна (ВИДЕО)