Никола Јокиќ одигра одличен натпревар, го делеше само една асистенција од трипл-дабл во победата на неговиот Денвер против Далас на Лука Дончиќ од 125-114. За Маверикс ова беше прв пораз оваа сезона.
Српскиот центар беше незапирлив, под кошот на противникот, имаше 14/16 обиди од игра. За 35 минути на теренот постигна 33 поени, 14 скока и девет асистенции.
На другата страна, Лука Дончиќ беше најдобар кај Далас, но имаше премногу потрошени топки. Словенецот постигна 34 поени (11/24), десет скока и осум асистенции, како и девет загубени топки.
На крајот, Јокиќ и Дончиќ срдечно се поздравија, а асот на Денвер пристигна да се пошегува на сметка на Словенецот.
„Морам да те тепам за да те зезам цело време, до следниот пат“, рече Јокиќ со насмевка, додека двајцата продолжија да разговараат.
Резултати: Индијана – Кливленд 121-116, Милвоки – Њујорк 110-105, Чикаго – Бруклин 107-109, Мајами – Вашингтон 121-114, Оклахома – Голден Стејт 139-141, Денвер – Далас 125-114, Портланд – Мемфис 115-113.