ВМФЛ: Супер – дерби во Битола, Пелистер ја дочекува Беса!

195

 

Денеска од 13 часот се играат сите осум средби од 10.коло во ВМФЛ. Секако дека во преден план е супер – дербито меѓу Пелистер и Беса во Битола. Се среќаваат вториот на табелата и лидерот. Пелистер токму против засега најдобриот тим треба да покаже и докаже дека има тим кој посакува и заслужува да се врати во елитата. Беса и да загуби останува лидер, но ако Пелистер биде поразен тешко дека ќе остане втор затоа што Охрид гостува кај Саса и веројатно ќе победи.

May be an image of 8 people, people playing football, people playing soccer and text

Детонит игра дома со Новаци и бодовите се подразбираат, па така во случај на пораз денеска, тогаш Пелистер пак ќе падне неколку места на табелата.

На останатите мечеви Кожув ја дочекува Беласица, Караорман игра дома со Осогово, Вардар (Н) на свој терен се среќава со Победа, Скопје игра со Башкими и Тетекс му гостува на Арсими.

ДВОЈКИ ЗА 11.КОЛО – ДЕНЕСКА (13 Ч)

Саса – Охрид

Детонит – Новаци

Кожув – Беласица

Караорман – Осогово

Вардар (Н) – Победа

Скопје – Башкими

Арсими – Тетекс

Пелистер – Беса

ТАБЕЛА

Беса 25, Пелистер 21, Детонит 20, Охрид 19, Тетекс 17, Башкими 17, Беласица 16, Кожув 16, Новаци 13, Победа 12, Арсими 10, Осогово 10, Скопје 9, Вардар (Н) 8, Караорман 7, Саса 6 бодови

ПретходноБоби Митев поради семејни причини го напушти Сабах!
СледноПешевски: Растеме како колектив! Покажавме карактер, останува денеска да завршиме триумфално!