Ерлинг Халанд не се појави на денешните предсезонски тестирања во Дортмунд кои се стандардни пред почетокот на секоја сезона. Собирот на играчите започна и тие полека ги започнуваат подготовките за новата сезона.
Нoрвежанецот кој немаше никакви репрезентативни обврски ова лето, денес не беше присутен во Дортмунд, но се чини дека доцни од одморот што го користи.
Новинарите веднаш побараа одговор од директорот Михаел Цорк кој појаснил дека нема ништо сензационално само ќе задоцни на подготовките, а потоа на смеа им рекол „Ерлинг не е тука затоа што веќе е во Англија“.
Не е тајна дека Челзи се обидува на секој начин да го купи одличниот напаѓач, но исто така не е тајна дека Борусија нема да го продаде до крајот на следната сезона.