Првиот човек на македонскиот фудбал, претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини, на својот Фејсбук профил, ден по завршувањето на Еуро 2020 со посебна посвета за нашите фудбалери, кои испишаа нова страница од фудбалската историја на нашата земја.
„Заврши едно од најубавите Европски првенства за мене и за нашата земја.
На јубилејот од 60-годишнината на ЕУРО, успеавме да ја напишеме историјата и ние како Македонија, бидејќи за првпат бевме дел на едно вакво големо натпреварување.
ЕУРО 2020 засекогаш ќе остане во наше сеќавање!“, пишува Сејдини.