Столе ги откажа „кралевите“, Рајо до голем бод од „Бернабеу“ (видео)

1002

Македонскиот голман Столе Димитриевски имаше брилијантен настап за Рајо Ваљекано на гостувањето кај Реал Мадрид во 12. Коло во Ла Лига. Рајо извлече бод со тоа што одигра 0:0, а голема заслуга за овој драгоцен бод има Димитриевски кој на крајот ја доби наградата МВП на натпреварот. Во шестата минута по грешката на Унаи Лопес, Валверде излезе очи во очи со нашиот голман кој му го блокира ударот.

Се редеа удари покрај гол на Хоселу (два пати), Белингам и Фран Гарсија. Во 39 минута Хоселу се најде во ситуација, но неговиот удар го одбрани Димитриевски.

Во вториот дел повторно доминација на „Кралевите“, Винисиус прво промаши потоа погоди но голот му беше поништен поради офсајд.

Реал на крајот имаше дури 21 удар но само четири во рамките на голот. Ефектот е нула голови. Рајо ниту еднаш прецизно не шутираше на голот на Кепа.

Реал е втор со 29 бода (второ реми), два бода помалку од лидерот Џирона. Рајо е на деветтото место со 18 бода (шест ремија).

ПретходноДеби гол на Фабио Мирети за победа на Јувентус во Фиренца (видео)
СледноДалас извојува петта победа, Кливленд по 16 порази, конечно, го порази Голден Стејт (ВИДЕО)