Младинките се спасија од пораз против Фарски Острови

327

По убедливиот триумф над БиХ, женската младинска репрезентација не успеа да дојде до вториот триумф на ЕХФ шампионатот У19. Иако имаа широко отворен пат, водство до пред крајот мечот, сепак но паднаа во последните осум минути при позитива од три гола. На крајот избраничките на Љубомир Савевски мораа да се задоволат со бод (24-24), на голема среќа Фарски Острови не реализираше напад за победа.

Јанкуловска имаше осум гола од 15 обиди, додека Џатевска запиша пет погодоци од шест обиди.

Противникот не поведе ниту еднаш во првиот дел, најголемата предност изнесуваше четири гола (4-8) во 13 минута. Ракометарките на Фарски Острови не го положија оружјето, со серија од 3-0 на одморот намалија на 13-14.

Во 40 минута одново дојде на минус еден (16-17), но македонските ракометарки не искористија шанса за поубедливо водство. Следеа минути на неизвесност, во кои подобро се снајдоа „црвено-жолтите“, со плус три 20-23 влегоа во последните осум минути од мечот.

Темпото одново падна, голманката на Фарски Острови беше на ниво на задачата, одбрани пенал, а нејзините соиграчки за првпат поведоа на мечот 24-23 за голема драма. Џатевска израмни на 24-24, а откако изгубивме топка за победа, на другата страна на голема среќа противничките ракометарки исто така не реализираа.

Својата шанса за пласман во полуфиналето, младинките ќе ја бараат против Холандија.

ПретходноАгент од Македонија и го продаде „австрискиот“ Меси на Барселона
СледноБаерн (М) на стартот на сезоната без Алфонсо Дејвис