Германците се загреваат за ЕП 2024, 10.000 фанови дојдоа за пријателски меч!

178

Германија ќе биде домаќин на Европското првенство 2024 година. Оваа земја која е еден од противниците на македонската ракометна репрезентација во групната фаза, се загрева за континенталното натпреварување.

Добро е познато дека Германците треба да го урнат рекордот по посетеност на еден меч на големите натпреварувања. Дуелите од првото коло во групата А ќе се играат на фудбалскиот стадион во Дизелдорф, најавени се над 50.000 посетители. Германија игра против Швајцарија, а дел од оваа историја ќе биде и Македонија, на истото место ќе се одмери силите со Франција.

Како најава за спектаклот во јануари, љубителите на ракометот се загреваа на пријателските мечеви на Германија за време на ЕХФ-неделата, против Египет во Минхен на трибините имаше 10.000 навивачи.

ПретходноСветски, а наш: Гого Славески е новата Адора Атлета
СледноЃорческа со повеќе поени, но со пад од две места на ВТА листата