„FIBA POWER RANKINGS“: Македонија целосен аутсајдер во квалификациите за ЕП 2025

83

На 48 часа пред официјалниот почеток на квалификациите за Европското првенство во 2025 година, Светската кошаркарска федерација го направи и првото рангирање на учесниците во овој квалификациски циклус.

Според овој поредок, нашата женска репрезентација има најмали шанса да се најде на континенталното натпреварување. ФИБА ја смести на 39. место, позади Португалија која се ноѓа на 23. позиција и Украина која е на 19. место.

Фаворит во нашата група е Србија, првиот противник на Македонија на домашен терен (12. ноември во СРЦ „Кале“), е рангиран зад првата петорка во која се селекциите на Шпанија, Белгија, Франција, Унгарија и Германија.

Репрезентацијата на Украина, со која ќе играме во наредниот ФИБА „прозорец“ (ноември 2024 година), е на 19. позиција во европската зона на ФИБА. Блиску до нив е репрезентацијата на Португалија, поставена е на 23. позиција во ова рангирање, и извесно е дека токму во дуелите со оваа селекција, избраничките на селекторот Александар Ашаданов (рангирани на 35. место) ќе ја бараат шансата за некоја победа во овој репрезентативен циклус.

ПретходноПелистер остана без десниот бек Пановски поради повреда на коленото
СледноПо поразот од Челзи: Обложувалниците веќе не го гледаат Тотенхем како фаворит за титулата