„Камп Ноу“ се распродава на делови: Столче за 100 евра или дијамант направен од тревникот за 15.000 евра?

337

Барселона ги користи сите начини да оствари заработка за да може да го порпави своето финансиско салдо. Во клубот истражуваа најразлични иновативни начини за да остварат приход. Една од последните акции се однесува на продажба на неколку специјални артикли, кои од неодамна станаа достапни за продажба на веб-страницата на клубот.

Ако сакале да поседувате парче од старата трева на стадиот „Камп Ноу“, тоа можете да си го дозволите за само 419,99 евра. Исто така на продажба се и старите солчиња кои се извадени од трибините на „Камп Ноу“: барса ваквите реликвии ги продава по цени од 99,99 евра до 299,99 евра, во зависност од моделот.

Сепак, најиновативниот дел дојде деновиве, кога на веб-страната почнаа да се продаваат специјално изработени дијаманти. Имено, клубот во соработка со една компланија успеа да направи дијаманти на иновативен начин. Јаглеродот за скапоцениот камен е направен од тревникот на Камп Ноу. „Целосно одржлив и еколошки“, велат од Барса. „Дијамантите од трева“ се достапни во варијации од еден карат до 0,1 карат. За најексклузивната опција плаќате 15.000 евра, а во продажба се само 57 парчиња.

ПретходноГранада исфрлена од Копа дел Реј поради банална работа
СледноГалата и Фенер не сакаат Суперкуп во С. Арабија: Сакаме да играме на наша почва!