Галата и Фенер не сакаат Суперкуп во С. Арабија: Сакаме да играме на наша почва!

139

Галатасарај и Фенербахче бараат финалето на Суперкупот на Турција закажан за 29 декември да се игра во Турција, а не во Саудиска Арабија каде што федерацијата одлучи да с еигра овој меч. Имаше притисок и од јавноста натпреварот да се игра на домашен терен бидејќи ќе се одбележи и стогодишнина од прогласувањето на Република Турција.

Фенербахче побара мечот да се игра на стадионот „Ататурк“ во Истанбул каде минатата сезона се одигра финалето од Лигата на шампионите или во Самсун. Предлогот е прифатен едногласно, тврдат од клубот.

Самсун, кој се наоѓа на брегот на Црното Море, е познат како град каде Мустафа Кемал Ататурк ја започна војната за независност и ја основа Република Турција на 19 октомври 1923 година. Во барањето на клубовите се вели дека сакаат да играат „на турска почва што нашите предци ја освоија и ја бранеа со својата крв, нивните животи, нивните идеи и својата мудрост“.

Претходно„Камп Ноу“ се распродава на делови: Столче за 100 евра или дијамант направен од тревникот за 15.000 евра?
СледноЗаборавивте на него? Раџа се враќа на терен, ќе игра во Индонезија