Проблеми во рајот: Ал Итихад го брка тренерот поради Бензема

574

Како што пренесуваат странските медиуми Нуно Еспирито Санто е блиску до отказ во Ал Итихад по инцидент со Карим Бензема. Поранешниот тренер на Порто и на Вулверхемптон седна на клупата на Ал Итихад минатата година, а му ја донесе и првата титула после 2009 година.
Во меѓувреме дојдоа засилувања: Канте, Бензема и Жота, но стартот не беше баш најдобар затоа што забележаа само две победи во првите девет натпревари.
Вчера за време на мечот со ирачкиот Ал Куова во азиската ЛШ, португалскиот тренер им одржа лекција на своите играчи затоа што губеа со 1:0, а на Бензема тоа не му се допаднало. Французинот го навредил тренерот, а потоа тренерот му вратил со иста мера.
Бензема е лут што не е главна ѕвезда во овој тим, а управата на клубот сака да го тргне и да направи мир и сака да донесе француски тренер за да му удоволи на Бензема.

ПретходноНавивачите на Дортмунд со порака: „Гајле ви е вас за фудбалот, мислите само на пари“
СледноЧави: Го одигравме најлошиот меч во овие две години