Познати се судиите за 14.коло во ПМФЛ на сите шест средби кои ќе се играат во сабота и недела. Во Кратово, каде се среќаваат Силекс и Шкупи, главен судија ќе биде Димитар Пилешков од Штип. На вардар и Воска, дербито на дното ќе го суди Игор Стојчевски од Скопје, додека на средбата Брера и Струга ТЛ, правдата ќе ја дели Александар Грујоски од Кичево.
ДВОЈКИ И СУДИИ ЗА 14.КОЛО – САБОТА (13 Ч)
Вардар – Воска: Игор Стојчевски (Скопје)
Брера – Струга ТЛ: Александар Грујоски (Кичево)
Шкендија – Тиквеш: Стојанче Стојанов (Штип)
Гостивар – Брегалница: Александар Ставрев (Скопје)
НЕДЕЛА, 13 Ч
Македонија ЃП – Работнички: Ндерим Тефику (Куманово)
Силекс – Шкупи: Димитар Пилешков (Штип)