Драмата во фамилијата Диаз траеше дури 12 дена, а конечно е решена со среќен крај. Се почна кога беше соопштено дека се киднапирани таткото и мајката на фудбалерот на Ливерпул. Тоа се случило во Колумбија по што полицијата дури и припадници на војската тргнале во акција за спасување.
Мајката на Диаз беше пуштена веднаш, но таткото не. Откриено е дека таткото на Диаз бил киднапиран од колумбиски герилци кои сакале да извлечат што повеќе пари од играчот. Денеска таткото на Диаз е пуштен на слобода. Се појави и фотографија каде што таткото е жив и здрав и дека герилците во Колумбија не го мачеле како што тоа го правеле во минатото.
🚨 Luis Díaz’s father Mane right after being released after 12 days kidnapped in Colombia. 🇨🇴
(📸 @PSierraR) pic.twitter.com/KPyeykDC9L
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) November 9, 2023