Аргентинскиот стручњак Диего Симеоне ја продолжи соработката со Атлетико Мадрид до 2027 година. За ова се зборуваше изминатите денови, а денеска е официјално. Симеоне потпиша договор до 2027 година. Претходниот тригодишен договор, потпишан во јули 2021 година, веднаш по освоената титула, истекуваше на крајот на оваа сезона.
Од Атлетико немаа дилеми околу тоа кој ќе го води тимот. Одлучи тоа да биде Симеоне и му понуди нов договор кој Аргентинецот го прифати.
Под негово водство Атлетико освои осум трофеја вклучувајќи и две во Ла Лига како и два во Лига Европа. Тој дојде на клупата на „јорганџиите“ пред 12 години заменувајќи го Грегорио Манзано.