Јанис постигна 54 поени, но Милвоки загуби кај Индијана (ВИДЕО)

86

Кошаркарите на Индијана направија изненадување победувајќи го Милвоки со 126:124 во еден од двата синоќешни дуели во НБА лигата. За Пејсерс ова беше третата последователна победа. Домашните до победата беа предводени од Тајрис Халибартон со 29 поени, 10 асистенции и шест скока, Бенедикт Матурин со 26 поени и 11 скока и Мајлс Тарнер со 21 поен, шест скока и четири асистенции.

Во тимот на Милвоки најдобар беше Јанис Адетокунбо кој постигна 54 поени и 12 скока, но очигледно не можеше сам. Грчкиот центар заврши со еден поен помалку од неговиот рекорд во кариерата, три помалку од рекордот на франшизата што го држи Мајкл Рид.

Крис Мидлтон додаде 19 поени за Милвоки, додека Демјан Лилард не беше во тимот поради проблем со листот на ногата.

Кошаркарите на Атланта го победија Орландо со 120:119 кој се одигра во Мексико. Атланта ја предводеше Трае Јанг со 41 поен, осум скока и три асистенции, Дежонте Мареј освен што ја постигна решавачката тројка на 31 секунда пред крајот на натпреварот запиша вкупно и 16 поени.

ПретходноКошаркарките поразени од Португалија на стартот на квалификациите за ЕП 2025
СледноНапаѓач на Барнли ја прекинува кариерата на 23 години поради психички проблеми