Хулен Лопетеги добил понуда да го преземе саудискиот клуб и Ал-Итихад за кој настапува Карим Бензема.
Клубот е подготвен да потпише договор со тренерот до јуни 2025 година, само неколку дена откако му беше врачен отказ на Нуно Еспирито Санто.
По 12 натпревари во новата сезона, Ал Итихад е на 6. место во првенството на Саудиска Арабија.
Последната работа на Лопетеги беше на клупата на Вулверхемптон, кој го отпушти на почетокот на август. Шпанецот ги предводеше и Севиља, Реал Мадрид, шпанската репрезентација и Порто, па може да биде добро решение за кормилото на Саудијците кои имаат големи амбиции.