Наполи нема победа на домашен терен веќе 44 дена. До недела кога ќе се игра мечот со Емполи оваа бројка ќе се зголеми на 46 дена. Ако на тој меч Руди Гарсија не успее да ги израдува фановите на тимот, тешко дека ќе го дочека понеделник на клупата на италијанскиот првак, смета весникот „Кориере дело Спорт“.
За слабата позиција на Гарсија на клупата на Наполи се зборува одамна, но тој некако успева се уште да се задржи како прв тренер на тимот. Аурелио Де Лаурентис одамна ја разгледува опцијата за негово отпуштање, но се чини се уште се обидува да му даде шанса на Французинот, кој очигледно не се снајде на клупата на италијанскиот првак.
И покрај слабите резултати, Гарсија останува доследен на една група на фудбалери кои ги форсира на најголемиот дел од средбита за сметка и на нашиот Елмас кој најчесто ја грее клупата. Дали Гарсија ќе го преживее викендов? Останува да се види в недела од 12:30 кога е закажан почетокот на дуелот со Емполи.