Фудбалерите на Барселона реагираат: Нас ни ги намалувате платите, а купувате нови засилувања

227

Финансиската криза во Барселона, предизвикана од пандемијата, го прави своето и во атмосферата во тимот. Фудбалерите се незадоволни од управата на клубот пред се затоа што се намалуваат платите, но истовремено се прават нови трансфери.

Фудбалерите на Барселона ја разбираат потребата од намалувања на примањата, но сметаат дека е неоправдана високата активност на каталонскиот клуб на трансфер пазарот.

Во обид да ги смири фудбалерите, не е исклучена опцијата, во која Барса ќе им понуди на своите играчи уште неколку години според договорот во замена за пониска плата или исплати на обврските на рати.

ПретходноТ. Пролет ќе биде носител на ждрепката за 1. коло во ЕХФ Лигата на Европа
СледноДимитријевиќ: Одиме да се надигруваме, да победуваме