На „Олимпико“ ќе си подадат рака: Македонија ќе ги смирува Спалети и Тоти?!

308

Франческо Тоти е подготвен да „склучи мир“ со поранешниот тренер на Рома, а сега селектор на Италија, Лучијано Спалети. Како што објавија италијанските медиуми, причина за подавање рака ќе биде мечот меѓу Италија и Македонија кој е закажан на 17 ноември во Рим.

Тоти и Спалети не се во добри односи откако легендата на Рома се пензионираше во 2017 година. Поранешната ѕвезда на Италија се бореше со минутажа под водство на Спалети во неговата последна сезона на „Олимпико“ и почувствува дека беше принуден да се пензионира од неговиот поранешен тренер.

Оттогаш тие не зборуваат, но италијанскиот комичар Фиорело успеа да ги стави во контакт за време на неговото последно шоу.

Фиорело му се јави на телефон на Спалети и го вклучи во емисија заедно со Тоти.

Спалети рекол дека е среќен што го слуша по толку време Франческо Тоти, кој пак ветил дека двајцата ќе се сретнат во Рим пред мечот со Македонија.

ПретходноАнгличаните ќе ја менуваат компанијата која го работи ВАР системот во Премиерлигата
СледноЧудното правило на Инзаги: Добиеш ли жолт картон, излегуваш од игра!?