Само тројца во Ла Лига имаат ваков скор: Столе, Тер Штеген и Кепа… кој прв до седма „празна мрежа“?

472

Пред доаѓањето на собирот на нашата фудбалска репрезентација в понеделник во Скопје, Столе Димитриевски денеска може да стане единствениот голман во Ла Лига сезонава со 7 „чисти мрежи“. Нашиот репрезентативец во досегашните 12. кола на најсилната шпанска фудбалска конкуренција дури 6 пати ја зачува мрежата без примен гол, последен пат минатиот викенд на тешкото гостување кај Реал (М) (0:0), кога беше прогласен и за „Играч на натпреварот“.

Денеска Рајо на домашен терен од 14 часот го пречекува лидерот на табелата Џирона, која освен што е прва на табелата, туку во моментов е и најефикасниот тим во Ла Лига со дури 29 постигнати гола на 12 меча. Затоа денешниот меч ќе биде посебен предизвик за Столе да ја зачува својата мрежа.

Инаку, досега во Ла Лига оваа сезона, само уште двајца голмани имаа по 6 „чисти мрежи“ на 12 одиграни средби. Тоа се чуварот на голот на Барселона, Марк-Андре Тер Штеген и голманот на Реал (М), Кепа. Кепа се повреди и ова коло сигурно ќе го прескокне, но останува да видиме дали утре Тер Штеген ќе успее по седмипат да остане со празна мрежа на мечот со Алавеш.

ПретходноЛука Дончиќ одигра меч за паметење (ВИДЕО)
СледноПМФЛ: Вардар е спремен за одмазда, против Воска мора да се победи!