Одбрани се најдобрите единаесет на ЕУРО

795

Откако и официјално заврши овогодинешното ЕУРО со триумф на репрезентацијата на Италија која ја совлада Англија во финалето по подобро изведување на пеналите, следува изборот на најдобрите.

Голманот на Италија, Џиџи Донарума е избран за најдобар играч, а сега се одбрани и најдобрите единаесет кој настапиле на турнирот.

Во прв ред на чело нормално е Донарума, а во последната линија, се Кајл Вокер, Леонардо Бонучи, Хери Мегваер, и Леонардо Спинацола. Во средниот ред се данецот, Хојберг, Жоргињо од Италија и шпанецот Педри.

Во нападот се Федерико Киеза, Рахим Стерлинг и Ромелу Лукаку од Белгија.

 

ПретходноРајковиќ се сели во Русија
СледноСтандардно англиска глупост, го тетовираше пехарот од ЕУРО и сега? (ВИДЕО)