Вардар е поразен во еден од најважните мечеви во сезоната, и тоа од Воска, и тоа со 1:2, во меч од 14.коло во ПМФЛ. Пораз кој може скапо да го чини тимот на стратегот Александар Васоски. Нема што, Јашаровски е душманот со два гола во мрежата на Гачевски или вкупно пет, ако се знае дека и во Охрид, во првиот меч сезонава, тој во три наврати го тресеше Вардар.
Воска поведе уште во 4.минута, Вардар израмни со автогол на еден гостински играч, но Јашаровски во 75.минута повторно му донесе водство на својот тим. Гол за победда, голема победа на Воска.
Во Струмица домашната екипа на Брера со 2:1 го победи шампионот. Ова е прва победа на тимот на Валенти по цели 79 дена.
Рибаудо во 8.минута и Јанкулов во 45+1. стрелаа за Брера, додека Незири намали во 78.минута за конечни 2:1.















