Вардар денеска загуби во меч кој не смееше да загуби. Воска си дојде на Маџари, си одигра добро на калливиот терен на “Борис Трајковски“ и со песна си замина од Скопје, со победа од 1:2 и со три бода.
“Комитите“ повторно приредија спектакл, во текот на целиот меч им ја дадоа поддршката на своите миленици, но факт е дека Вардар едноставно нема квалитет за нешто повеќе.
Навистина Вардар го чека пекол во битката за опстанок.