Тотенхем полека, полека, но сигурно почна да паѓа. По поразот од Челзи, денеска е поразен и од Вулверхемптон и тоа со 2:1, на гостувањето.
Се тргна убаво за тимот на Постекоглу, веќе во 3.минута Џонсон донесе водство од 0:1.
И така беше се до 90+1.минута, и кога се чинеше дека ќе победи, прво Сарабиа израмни на 1:1 за да во 90+7.минута Лемина му донесе победа на домашниот тим за еуфорија на фановите на Вулвси.










