Полн е како брод, а на сите им должи: НБА легендата не плаќа ништо!

6054

За време на НБА кариерата, Пол Пирс заработи огромна сума на пари играјќи за Селтикс, Нетс, Визардс и Клиперс. Во моментов е оваа ѕвезда „тежи“ околу 70 милиони долари, но како што почнал, за неколку години може да изгуби се.

Пирс престанал да плаќа месечните обврски за автомобил што го купил во 2019 година. Тој се договорил за рата од 3.445 долари за автомобил кој чинел нешто повеќе од 91.000 долари.

Очекувано, веднаш добил тужба, па случајот ќе се реши на суд.

Тоа не е единствениот процес кој се води против легендарниот НБА кошаркар. Неодамна влезе во проблеми со законот поради нелегалната промоција на криптовалутите, па наместо парична казна се согласи да плати 1,4 милиони долари.

Пирс исто така моментално е под обвинение за 180.000 долари плус камата што им ја должи на професионалните покер играчи кои го тужеа за неисполнување на обврските.

Пирс очигледно не знае што да прави со парите што ги има. Имаше многу инвестициски неуспеси и неговото богатство полека се топи.

За негова среќа, тој сè уште е „тежок“ од околу 70 милиони долари. Сепак, како троши и инвестира, за неколку години може да биде уште еден во низата кошаркари кои останаа без ништо.

Пол Пирс е еден од најдобрите играчи на Бостон Селтикс на сите времиња. За оваа екипа настапуваше од 1998 до 2013 година, а шампионската титула ја освои во 2008 година кога стана и МВП на финалето.

ПретходноРеал Мадрид со „петка“ во мрежата на Валенсија
СледноЈанис и Кари одлични, но Милвоки и Голден Стејт претрпеа порази (ВИДЕО)