Реал Мадрид доминираше против Валенсија на домашен терен. „Кралевите“ се зацврстија на второто место на табелата во Ла Лига, откако славеа со убедливи 5-1 во меч од 13 коло. До овој триумф домаќинот дојде без помошта на Џуд Белингем, кој има повреда на рамото.
Избраниците на Карло Анчелоти по само три минути игра дојдоа до водство на овој натпревар, Карвахал ја отвори пресметката. На три минути пред полувремето, Винциус Жуниор зголеми на 2-0, истиот фудбалер постигна гол и во 49 минута за 3-0.
На сцена настапи Родриго, стрелаше во 50. и 84. минута, додека на другата страна Дуро намали на 5-1.
Резултатот не се менуваше до крајот на натпреварот, па Реал доста лесно успеа да оствари убедлива победа, по оваа пресметка има 32 бода.










