Кошаркар на Филаделфија прегазен пред својот дом, итно пренесен во болница

261

Кошаркарот на Филаделфија, Кели Убре Џуниор доживеал сообраќајна несреќа, откако во близина на неговиот дом го удрил автомобил. Како што објави познатиот кошаркарски новинар Адријан Војнаровски, во него удрило моторно возило додека се движел во неговата населба.

Убре бил итно примен во болница, пренесува „ESPN“.

Претставниците на клубот веднаш пристигнале на местото на настанот. Војнаровски наведува дека Убре е во стабилна состојба, но дека ќе мора да помине долг период во болница, но и во опоравување.

Возачот се уште не е пронајден и затоа нема некакви индиции дека НБА кошаркарот бил намерно удрен.

ПретходноФабрицио Романо: Столе во јуни си оди од Рајо, два шпански клуба тргнаа по него
СледноНе можат никого да победат, а носат НБА ветеран