Две нови имиња во составот на „аѕурите“ за мечот со Македонија

350

Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација, Лучијано Спалети, повика двајца нови фудбалери во националниот тим за престојните дуели со Македонија и Украина.

Како што утрово објавија медиумите, нови имиња во тимот на „аѕурите“ се Мануел Лазари од Лацио и Кристијано Бираги од Фиорентина. Првиот ќе пристигне во базата на италијанската репрезентација во текот на денот, додека капитенот на „виолетовите“ веќе од утринава е со селекцијата и ќе биде присутен на првиот денешен тренинг.

Спалети имаше доста проблеми со списокот на повикани, откако поради повреди откажаа Калабрија, Мерет, Толои и Локатели, а неизвесен е и Андреа Камбијасо.

ПретходноГерманецот што требаше да суди со Италија во Скопје, сега ќе биде “главен“ во Рим!
СледноХаос во евроквалификациите, на Бугарија и се заканува исфрлање?