Поранешниот аргентински фудбалски репрезентативец Ернан Креспо е нов тренер на Ал Аин од Обединетите Арапски Емирати. Тој на позицијата ќе го наследи Алфред Шредер кој напушти по шест месеци на кормилото.
До октомври Креспо беше тренер на катарскиот шампион Ал Духаил кој го ослободи по серија на слаби резултати. Тој беше заменет со екс-тренерот на ПСЖ, Кристоф Галтие.
Како тренер Креспо ја освои Копа Судамерикана во 2020 со Дефенса, со Сао Пауло беше шампион на Паулиста во 2021 година, потоа со Ал Дуаил шампион на Катар и Купот во сезоната 2022/23.
Ал Аин е најтрофеен клуб во ОАЕ со 14 шампионски титули.
The @SultanHZayed meets @Crespo at @HBZstadium #alainclub || @alainfcae pic.twitter.com/9PLxBEAbfZ
— Al Ain FC (@alainfcae_en) November 14, 2023